Фото: Игор Бансколиев

Млада девојка утринава била пронајдена мртва во нива во близина на последната автобуска постојка во скопско Волково, потврдија од МВР.

Станува збор за 29-годишната М.Ѓ. чие тело го забележале минувачи, кои потоа го пријавиле случајот на МВР и на Итна помош.

Екипа на МВР извршила увид на теренот, а допрва се очекуваат подетални информации за случајот.