Фото: Илустрација

На крстосницата од скопските улици „Македонско-косовска бригада“ и „Втора македонска бригада“ вчера во попладневните часови се случила сообраќајна незгода во која тешко е повредена 22-годишна девојка на електричен тротинет.

Како што информираат од МВР, во судирот учествувале автомобил „тојота“, управуван од Б.Х. (74) од скопското село Визбегово и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 22-годишната Ф.К. од Скопје.

Во незгодата Ф.К. се здобила со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Скопје.