Во локал во Тетово доцна синоќа биле затекнати девет танчерки, кои ги забавувале гостите. Според информациите, три од нив биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири македонски државјанки.

– На 10/11.07.2021 година во времето од 23,50 до 01,00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки). Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка – соопшти МВР.