Во изминатите 24 часа во Скопје се случиле девет сообраќајки, а шест лица се здобиле со лесни телесни повреди.  Регистрирани се пет сообраќајки со материјална штета. 

Сообраќајната полиција исклучила 18  возачи од сообраќај. Шест од нив биле возачи почетници, а 12 се исклучени пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Од сообраќај биле исклучени и 16 нерегистрирани возила.

Во изминатите 24 часа непрописно биле паркирани 97 возила, а 68 се подигнати со специјалното возило „пајак“.

Четири возачи поминале на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престроил, а двајца неправилно престигнувале.  

Одделението за Превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници  со учениците од второ и четврто одделение  во ООУ „Братство“ во општина Карпош, во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.