Деветнаесетгодишно момче со автомобил удрило во 78-годишен пешак во Битола. Старецот со тешки повреди бил пренесен во болница.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 16:25 часот на улицата „Партизанска“, кога автомобил „даеву матиз“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(19) од Битола, удрило во И.С. (78) од Битола.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.