Деветмина полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчераутро во близина на с. Белановце, Кумановско, кога полициското комбе, во кое се превезувале полицајците, се судрило со автомобил „фолксваген пасат“.

По незгодата, на полициските службеници им била укажана помош во Општата болница Куманово, каде што им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.