Деветгодишно дете хоспитализирано во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ е во животозагрозувачка состојба по сообраќајка која вчера во попладневните часови се случила на скопската улица Џон Кенеди.

Како што информираат од МВР, во сообраќајката учествувале мотоцикл „хонда“, управуван од 43-годишник, на кој како сопатик се возел и малолетникот и четирицикл управуван од 42-годишен жител на скопското село Батинци.

Со возило на итна медицинска помош, сите тројца биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им биле констатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.