Дебранецот на возраст од 33 години, кој бил сопатник во автомобил „шкода“, при полициски преглед во близина на браната „Шпилје“ се обидел да проголта хероин за да го скрие од полицајците.

Како што информираат од МВР, настанот се случил на 6 февруари, а автомобилот со дебарска регистрација бил управуван од 39-годишник, исто така од Дебар. Совозачот не успеал во својата намера и дрогата му била одземена.

Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што полицијата пронашла и одзела марихуана.

Дебранецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.