Едно лице починало во сообраќајна незгода која се случила рано утрово на скопската обиколница кај клучката „Смилковци“.

Според информации од МВР утрово во 05.10 часот било пријавено дека на Скопската обиколница, кај клучка „Смилковци“, комбе со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(52) од Дебар, излетало од патот.

На местото на незгодата починал возачот.

Смрт констатирал лекар, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.