Полицијата поднесе кривична пријава за предизвикување на шумскиот пожар во Дебарско против двајца албански државјани.

„Одделението за внатрешни работи Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за предизвикување шумски пожар, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик“, информираа од МВР.

Пожарот на подрачјето на Дебарско избувна на 13 август.