Крадците користат метални шипки, хебли, клешти, топокршачи...

Две скопјанки вчера во одделни случаи биле нападнати и ограбени во центарот на градот.

Првиот случај бил пријавен во полицијата во 17.30 часот. Имено, како што информираат од МВР, 63-годишната В.Л. од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар две лица физички ја нападнале и и’ одзеле чанта и торба.

Вториот случај, бил пријавен од страна на О.Ѓ. во 20.34 часот која кажала дека во ценатрот на Скопје три лица физички ја нападнале и и’ одзеле чанта.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.