Четири непознати лица изутрината во 4.30 часот во сендвичарница на улицата „Никола Карев“ во Скопје физички ги нападнале Ј.Б. (33) и неговиот другар А.Н.  

Како што информира МВР, случајот во полиција денеска го пријавил Ј.Б. 

Додека Ј.Б. и А.Н. седеле на маса, забележале како непознатите лица сакале да крадат пијалаци од фрижидерот и ги предупредиле дека тоа не е во ред. Веднаш потоа лицата дошле до нив и физички ги нападнале.

Полицијата работи на расчистување на случајот.