На клучката „Аеродром-Скопје“ вчера околу 21.10 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Д.(25) од Скопје и патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со кумановски регистарски ознаки управувано од З.С.(58) од Куманово.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во незгодата возачот од возилото „Фолксваген Голф“ А.Д. и совозачот Т.М.(26) – се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.