Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа во центарот на Скопје.

Според информациите на МВР, несреќата се случила во 03.35 часот на крстосницата од булеварот Кузман Јосифовски Питу и улицата Никола Карев помеѓу „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(23) од Скопје и  „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки управувано од В.Н.(23) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.С. и сопатникот во истото возило, Н.Н.(41) од Охрид, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.