На автопатот Скопје – Велес, во раните утрински часови полицијата уапсила криумчари на мигранти, од кои едниот бил на возраст од 25 години, а другиот бил малолетник.

Двајцата криумчари, инаку од Радовиш, биле во возило „крајслер“, со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал 25-годишникот.

При преглед на возилото биле пронајдени 12 мигранти, на возраст од 23 до 48 години, од кои 11 од Бангладеш и еден од Пакистан.

Возачот и сопатникот биле приведени во полициската станица во Велес, а за настанот бил известен и јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.