Против две лица од Струга и Охрид поднесени се кривични пријави  за бесправно градење.

Во првиот случај, кривична е поднесена против 58-годишник од Струга, кој како сопственик и инвеститор, изградил објект за домување, без одобрение за градба.

МВР јави дека објектот бил изграден на улицата „Прва македонска ударна бригада“.

Во вториот случај, поднесена е кривична пријава против 66-годишна жена од селото Долно Лакочереј, охридско. И таа како сопственик и инвеститор, изградила објект за домување без одобрение за градба, информираат од полицијата.