Непознати машки лица ноќеска околу 01:20 часот во Градскиот парк во Скопје ги нападнале А.Н.(23) од Прилеп и С.Б.(23) од Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен двете лица додека се шетале биле пресретнати од неколку непознати машки лица, кои им побарале пари.

Во тој момент С.Б. успеал да избега и да го пријави настанот во полициска станица, а А.Н. бил физички нападнат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.