Две лица од десетмината осомничени, кои утринава беа уапсени по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, добија мерки на претпазливост наместо притвор. Како што информира обвинителството, во текот на денешниот ден, откако осомничените дадоа искази пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот обвинител кој постапува во предметот за две од осомничените лица го повлече предлогот за определување на мерката притвор. Тој му предложил на судот за нив да бидат определени мерки на претпазливост.

Тоа значи дека ќе им бидат одземени патните исправи и имаат забрана за нивно издавање, а определена им е и забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело.​

Обвинителката Ивана Трајчева претходно информираше дека во утринската акција на МВР, по налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се уапсени 10 лица, а по едното полицијата сè уште трага. Десетмина се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, а едно лице за несовесно вршење на службата.

Во истрагата, покрај министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, опфатени се државната правобранителка Емилија Радојкова, Димитар Димовски, државниот советник за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт и врски…