Против две лица на 20 и 24-годишна возраст од селото Ракитец, Конче, поднесена е кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

МВР соопшти дека лицата се дале во бегство, при легитимација и преглед од страна на полициски службеници што се случил пред казино во Радовиш.

– При бегството првопријавениот фрли ќеса со марихуана и пиштол во речното корито – информираат од МВР.

По преземени мерки лицата биле пронајдени од страна на полицијата, а и кај второпријавениот била пронајдена и одземена марихуана.