Синоќа околу 20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Хјундаи“ трактор „ИМТ“.

Од СВР Велес информираат дека автомобилот „Хјундаи“ со струшка регистрација бил управуван од Д.Д. (61) од Струга, додека тракторот бил со кавадаречка регистарска таблица управувано од Р.Р.(36) од Росоман.

При несреќата со тешки телесни повреди се здобиле дванаесетгодишно и петнаесетгодишно дете сопатници од тракторот. Повредените се пренесени во ЈЗУ ОБ Кавадарци