Во Прилепско денеска се активни два големи пожара информираат од ТППЕ
Прилеп. Едниот е на потегот Топлица-Ракле-Никодин и е активен веќе трет ден, а вториот, е кај Смолани и избувна синоќа. Зафатена е поголема површина, претежно со ниско стеблеста шума, а постои опасност пламените јазици да ја зафатат и блиската борова шума.

На терен гаснат пожарникарите од ТППЕ, а на припомош се и вработените во шумското претпријатие и 30-тина припадници на Армијата. Вклученоста за гаснење на пожарите на другите структури доаѓа по синоќешната одлука на прилепскиот Кризен штаб.

Командирот на ТППЕ Виктор Стојчески, посочува дека е локализиран пожарот во најнискиот дел од кракот кај Топлица, во близина на магистралниот пат Прилеп-Градско и наскоро треба да биде целосно изгаснат. Изгаснат е пожарот кај Канатларци и Подмол.

Кризниот штаб побара да бидат подготвени јавните комунални претпријатија, кои, според потребите ќе бидат активирани како помош во гаснењето на пожарите. Ка.М.