Фото: Илустрација

Во скопската полиција околу 18 часот во текот на вчерашниот ден, по почетокот на полицискиот час, била пријавена масовна тепачка во селото Кучевиште.

Како што информираат од МВР, до физичката пресметка дошло по претходна расправија поради меѓусебна нетрпеливост, помеѓу три лица на возраст од 29, 51 и 63 години од една страна, и уште четворица други на возраст од 74, 47, 42 и 49 години, сите жители на ова скопско село.

Во тепачката со тешки повреди се здобиле најстарите во неа, односно 74-годишниот М.Г и 63-годишникот со исти иницијали.

Повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.