Полицијата поднесе кривична пријава против двајца тетовци Е.М.(40) и Љ.В.(47), поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“.

Како што информнираат од МВР, на 17 јули на тетовската улица „Благоја Тоска“ физички бил нападнат 26-годишниот К.В. од стана на неколку непознати лица меѓу кои и Е.М., кој извадил пиштол и со кундакот го удрил, по што лицата си заминале од местото на настанот.

Откако на местото дошла полицијата, по кратко време пристигнал и Н.М. (36) од Тетово, кој почнал да го навредува К.В., по што бил приведен во полициска станица.

Откако 36-годишникот бил пуштен од станицата, бил нападнат со нож од Љ.В.