Две лица од Скопје биле пронајдени починати во својот дом, информираaт од Министерството за внатрешни работи.

Вчера, во 17.45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на улицата Босна и Херцеговина биле пронајдени починати А. М. (58) и С. М. (57).

Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција.