Доцна синоќа во 00.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје, јави МВР.

Повредените биле пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.