Двајца разбојници се обиделе да ограбат казино во Скопје.

Како што информира МВР, во 4.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во Скопје две лица се обиделе да извршат разбојништво, но не успеале и избегале.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.