Двајца полициски службеници се меѓу трите лица повредени во сообраќајна несреќа што се случила во 5.20 часот изутринава, на обиколницата во близина на клучката Радишани.

З.П. од Тетово, управувајќи со возило „бмв“, удрил во автомобил „шкода јети“ во кој биле двајца полициски службеници, според првичните информации од МВР. 

Полицајците, кои се здобиле со повреди, се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека возачот е пренесен во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.