Фото: Илустрација

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа којашто се случила синоќа во 22.40 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на крстосница за село Зубово и село Ново Село.

Според полицијата се судриле „ауди а6“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(51) од Ново Село и „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.К.(54) од село Зубово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.К., додека А.Ј со телесни повреди. На двајцата им била укажана помош во болницата во Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.