Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во Куманово. Како што информира МВР, вчера околу 21:20 часот на крстосница од улиците Иво Лола Рибар и Денко Драганов во Куманово, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(49) од Куманово и мопед „томос-АПН-6“, управуван од А.К.(26) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.К., додека со телесни повреди се здобил сопатникот од мопедот, Џ.С. од Куманово. Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.