Попладнево, околу 13 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во селото Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир од страна на четири лица.

Според информациите од МВР, најпрвин дошло до физичка пресметка помеѓу Н. К. (68) и Х. К. (32), кои биле со автомобил „голф“, од една страна, и Н. Р. (48) и М. Р. (30), кои биле со автомобил „шкода“, од друга.

Учесниците во пресметката употребиле и огнено оружје. Притоа повреди добиле Н. К. и М. Р., кои биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Четирите лица се уапсени, а обезбедени се и нивните возила и оружјето. Неофицијално, станува збор за случај што му претходел на инцидентот што попладнево се случи пред поранешната градска болница.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.