Фото: Илустрација

Двајца мотоциклисти во текот на вчерашниот ден завршиле во болница по сообраќајни незгоди.

Како што информираат од МВР, во првиот случај повреден е 19-годишник од Битола, а несреќата се случила на Булеварот Први Мај.

„Г.К.(19) од Битола, управувајќи мотоцикл „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот“, информираат од МВР.

Со тешки повреди се здобил и 51-годишниот Ј.Л. од Охрид кој изгубил контрола синоќа на патот Битола – Прилеп, кај тунелот во Битола.

Кај двајцата мотоциклисти, биле констатирани тешки телесни повреди во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид на двете локации.