Во раните утрински часови на патот Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода во која тешко се повредени двајца малолетници.

Како што информираат од МВР, во незгодата учествувале автомобил „Бе-ем-ве“ со скопска регистрација, управуван од 39-годишник од Струга и мотоцикл „сузуки“ со битолска регистрација, управуван од 17-годишен малолетник, каде сопатник бил уште еден 17-годишник – и двајцата од струшкото село Лабуништа.

Во незгодата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо-Охрид“.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Струга.