Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, кога околу 16.30 часoт беше пукано кон полициски службеник.

Според деталите кои МВР ги објави денеска, на кружниот тек во населбата, лице од возило „фолксваген голф“ пукало кон автомобил „мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З.Р..

Притоа, полицаецот се здобил со повреди во ногата и се упатил во градската општа „8-ми Септември” за укажување на помош.

Околу 19 часот возилото „голф“ било пронајдено, а потоа, поради сомнение дека се сторители на делото, од слобода биле лишени Косовците Б.В.(40) и И.Л.(38).

По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.