Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, Демиркаписко за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Завчера бил извршен претрес во домот на А.Т. во Неготино, при што биле пронајдени кокаин и хероин, кои биле спакувани за улична продажба. Додека, во периодот од 14.15 и 15.30 часот бил извршен претрес во домот М.А. при што биле пронајдени марихуана и амфетамин, кои биле спакувани за улична продажба.

Веднаш потоа, лицата биле приведени во полициска станица, а судија на претходна постапка им одредил притвор во траење од 30 дена.

Инаку, двете лица се познати дилери на дрога на подрачјето на Неготино и повеќе пати издржувале затворски казни за недозволена трговија со дрога. Пред еден месец и двајцата излегле од затвор и веднаш продолжиле со улична продажба на дрога.