Кичевската полиција поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 24 и 25 години, жители на гостиварските села Аранѓел и Дебреше, поради сомнение за сторени шест тешки кражби и седум кривични дела тешка кражба во обид.

Како што информираат од МВР, во текот на годинава пријавените одзеле пари, техничка стока, накит и други предмети од куќи во селата Србица, Црвевци, Колибари, Зајас, Колари и Трапчин Дол.