Двајца британски државјани синоќа биле забележани во кругот на Генералштабот на АРМ на улица „Орце Николов“ во Скопје.

Според информациите на МВР, тие биле приведени во Полициска станица Центар и било утврдено дека се работи за Ј.С.Х.(28) и О.Ј.Х.(33), двајцата државјани на Англија.

Во разговор со полициски службеници изјавиле дека се обиделе да го скратат патот до хотелот каде биле сместени и не знаеле дека влегле во објект во кој не смеат да се движат.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.