Министерството за здравство информира дека во вчерашниот пожар во тетовскиот ковид-центар загинаа вкупно 14 лица. Во ковид-центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, со што останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.

Нема настрадани здравствени работници, додека неколкумина се со полесни повреди.

Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството нагласи дека во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот.