Досега се приведени 12 лица, меѓу кои и еден полицаец, во голема полициска акција во скопската населба Ченто, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на информации од МИА потврдени од извори блиски до истрагата.

Во акцијата се апсат лица вмешани во трговија со дрога и оружје.

Од МВР потврдуваат дека акцијата е во тек, со што се очекуваат подетални информации по нејзиното завршување.