Дваесет и двегодишник од Скопје, со иницијали Б.Л. пријавил дека синоќа пред поликлиниката Ченто, физички бил нападнат од страна на четири непознати лица.

Лицата, како што соопшти МВР, повеќе пати го удриле со тупаници во пределот на главата и телото, со што му нанеле видливи повреди, црвенило и оток во пределот на лицето.

Според пријавата, до физичкиот напад дошло без повод и причина, односно додека истиот се движел пеш по улицата „Маџари“, кога одзади му пришле четирите лица на возраст од 18 до 24 години и физички го нападнале по што се качиле во автомобил и заминале од местото на настанот.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.