Дваесетгодишно момче синоќа било нападнато од неколку лица во Шуто Оризари.

Како што соопштија од МВР, најпрво еден од напаѓачите со непозната течност го испрскал во очите, по што другиот напаѓач му нанел убод со остар предмет во пределот на вратот.

На Е.И. му била укажана помош во kомплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.