Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М. Ц. (20) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. На 19.10.2020 пријавениот во три наврати неовластено, од дебитната картичка на Р. Ѓ. од Делчево, извршил плаќање преку интернет, при што предизвикал материјална штета, соопшти полицијата.