Фото: Архива

Адвокатот Мерџан Даути испрати писмен апел до Судскиот совет да не потклекне на никакви притисоци и закани на утрешното рочиште за предметот „ТНТ“. Даути вели дека Судскиот совет е единствената институција која во моментов може да придонеси текот на судењето во случајот ТНТ да биде согласно закон.

Почитувани членови на Судски совет, во текот на утрешниот ден охрабрете се, не потклекнувајте на никави притисоци, закани, уцени или ветувања. Донесете законита одлука во интерес на владеењето на правото. Молкот е најлоша опција.

Премолчувањето на незаконските постапки и вас директно ве прави сооучесници во истите. Донесете било каква Одлука но не молчете! Не секогаш молчењето е злато, во овој случај молчењето е одобрување на незаконско работење.

Вие сте орган кој е формиран да обезбеди функционирање на судовите согласно Закон и Устав. Дали се уште ќе молчите за: Различниот начин на постапување на Кривичниот суд во врска со поротничките во случајот „Ласкарци“ и ТНТ. Непочитување на законот на ЗКП пред се поради недавање на записници од судски рочишта и назначување на адвокати по службена должност. Дејствијата на Претседателот на Кривичниот суд со кои експлицитно се прават Кривични дела. Не дозволување на користење на албанскиот Закон согласно Устав и закон.

Почитуван Претседател на судски совет една порака и до Вас:

,,Не им верувајте на Данајците и кога дарови носат“ бидејќи незаконски избор неможе да предизвика владеење на право и да ги потврди вашите етички вредности. На 28 јануари нема да Ви креваат телефон и ќе Ви кажат тоа што Ви ветиле поради новонастанатата ситуација и моменталната ситуација нивното ветување неможе да го исполнат“ пишува Даути во писмото до Судскиот совет.