Грчкиот Врховен суд предмалку го одби барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Двајцата остануваат во Грција и во меѓувреме ќе бидат ослободени од затвор.

Како поранешни началници во МВР, обвинети во случајот на СЈО „Тврдина“, Грујевски и Бошковски илегално ја напуштиле Македонија и потоа беа фатени во Грција, при обид од солунскиот аеродром да заминат за Унгарија.