Фото: илустрација

Тетовци на возраст од 19 и 26 години добиле ќотек од поголема група насилници кои ги нападнеле со бејзбол палки. Околу 3 часот изутринава на улицата „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово се случил настанот, кој во полиција потоа го пријавил 26-годишникот.

– Напаѓачите со две патнички возила и мотоцикл запреле на местото на кое двајцата седеле со уште неколку лица. Кога излегле од возилата со бејзбол палки и други тврди предмети почнале да трчаат по нив. Бегајќи, тие влегле во двор од блиска куќа, каде ги стигнале и 26-годишникот повеќе пати го удриле по главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди. Потоа напаѓачите набрзина се оддалечиле, а на повредениот му била укажана лекарска помош во тетовската клиничка болница – соопштија од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Полицијата во Тетово информира дека сега се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сите инволвирани. А.С.