Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против И .Р( 26 ), Е.А (20), Н.Д (32), А .С ( 28), како и против две малолетни лица, поради постоење на основи на сомнение за сторено 21 казнено дело.

Пријавените тешките кражби ги извршиле, една во септември минатата година, додека останатите 20 во периодот од јануари до април оваа година. Тие со алат за разбивање на врати и прозорци, како и со употерба на физичка сила, влегле во фризерски салон, берберници, сендвичари, бутици, продавници за авто-делови и во повеќе куќи во Кичево и продавници во село Другово. При овие кражби тие одземале пари, накит, техничка стока, колонијални и други производи и се стекнале со противправна имотна корист во вредност од 176.000 денари.

З.А.