Падна во вода како круша тезата на СЈО за набавката на лукусузниот мерцедес, изјави обвинетиот во предметот „Тенк“, Никола Груевски, по завршувањето на денешното рочиште.

-Падна во вода како круша тезата на СЈО дека е протежиран „Мак ауто стар“ и дека само оваа фирма можела да се јави на тендерот. Можел да се јави било кој. Вториот сведок Страхил Глигоровски кој е економски вештак, го потврди тоа што го знаеме, односно дека во случајот со набавката не постои штета. Компанијата која го продава возилото заработила маржа, односно вообичаена заработка на таа компанија, не отишла над вообичаените цени и нема остварено никаков екстра профит. Од тука се потврди дека нема штета, а кога нема штета нема ни дело – изјави Груевски.

Груевски имаше забелешки околу изборот на вештаци, тврдејќи дека станува збор за поранешни функционери на СДСМ.

-И покрај лошите намери од страна на СЈО,беше интересен ден, се кажаа интересни работи. Станува збор за предмет сериозно инкоструиран, никаде во светот нема ваков предмет, премиер да одговара за возило набавено од друга институција – посочи тој.