Удар на гром предизвикал пожар кај браната „Козјак“ во кој изгорела една просторија. Повредени лица нема.

Според информациите на МВР, вчера рано изутрина, околу 1 часот вработен во Електрани на Македонија – брана „Козјак“ пријавил во полиција дека просторијата за обезбедување била опожарена од удар на гром. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран.