Седумдесет и тригодишен државјанин на Грција бил пронајден починат на возачкото седиште од автомобилот, на паркинг пред казино во Гевгелија.

Случајот во полицијата го пријавило обезбедувањето на казиното.

– Ј.П.(42) од селото Стојаково, вработен како обезбедување во казино, пријавил дека на паркингот на казиното, во патничко возило „шкода фабија“, со грчки национални ознаки, на возачкото седиште починал К.Г.(73) од Р. Грција. Според пријавеното, тој во 18:30 часот бил затекнат во возилото во лоша здравствена состојба од страна на обезбедувањето – велат од МВР.

Од лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.