Х. Т. (30) од Република Грција, со престојувалиште во Скопје, пријавил во полицијата физички напад.

„Околу 9.35 часот, на крстосницата на подрачјето на Центар, додека управувал возило, бил удрен од друго возило ‘опел’, со скопски регистарски ознаки, по што возачот излегол и физички го нападнал“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.