Екрем Долек / Фото: Принтскрин/Сител

Среќа или судбина го спасила 30-годишниот Џафер од автобуската катастрофа во Бугарија. Неговите куфери, како што објави „Сител“ снимка со татко му Екрем Долек, биле погрешно сместени во друг автобус, наместо во оној кој изгоре. Џафер во последен момент поради багажот се качил во другиот автобус на компанијата „Беса Транс“.
– За случувањата слушнавме и лично од Џафер кој се уште е во шок и не се чувствува добро за да говори јавно. Тој вели дека сите патници се евидентирале на влегување па така неговото име е запишано во автобусот со кој пристигнал во Скопје. Тие биле први во колоната и со нив патувале сопствениците на компанијата. Автобусот кој настрада возел зад нив. Моментот не го забележале бидејќи спиеле се до граница кога и дознаваат за трагедијата. Џафер раскажа дека не биле свесни што точно се случило, само слушнале дека еден автобус се запалил и има четириесетина жртви а сопствениците нервозно го напуштиле автобусот и тргнале одма назад – раскажува таткото.